ММС

Објавено на: 08/23/21 8:58 PM

Несреќа на патот Скопје – Велес, повредено едно лице

Несреќа на автопатот Скопје-Велес, мотоциклист изгубил контрола и излетал од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Вчера во 18.57 часот на автопат Скопје-Велес, во близина на угостителски објект, мотоцикл „јамаха р6“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(27) од Битола, изгубил контрола и излетал од патот. По незгодата Д.Н. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, стои во соопштение од полиција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1