ММС

Објавено на: 08/23/21 8:24 PM

Путин повеќе не молчи за кризата во Авганистан – Еве од кои мигранти треба да се чуваме, Русија не ги прифаќа!

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе го спречи доаѓањето на бегалци од Авганистан. Путин стравува дека меѓу бегалците  можат да се кријат„маскирани борци“ откако Талибанците ја преземаа земјата.

На состанокот со претставниците на владејачката партија Единствена Русија, Путин рече дека западните партнери инсистираат на прифаќање на бегалци во земјите од Централна Азија додека не добијат виза за во САД или други земји.

– Но, како да знаеме кој може да се сокрие меѓу бегалците, прашуваше тој, проценувајќи дека стотици или милион луѓе можеби ќе сакаат да го напуштат Авганистан.

Неколку поранешни советски републики во Централна Азија ја делат границата со Авганистан и Русија, рече тој, додавајќи дека „борци преправени во бегалци“ можат да стигнат до руска територија.

Путин оцени дека е важно да се спречи инфилтрација на терористи од соседните земји на Авганистан, вклучително и оние кои се претставуваат како бегалци.

 

Извор и фото: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1