ММС

Објавено на: 08/23/21 2:32 PM

Хоспитализациите, а не бројот на заразени ќе бидат критериуми за носење заштитни мерки во Германија

Владата на Германија одлучи да ги промени критериумите за одлучување за степенот на рестриктивни мерки кои мора да се спроведат и ограничувања за сузбивање на коронавирусот.

Неименуван извор во германската влада денес потврди дека владата повеќе нема да се раководи со бројот на новозаразени за да го одреди степенот на ризик, туку клучен критериум и мерка за одлучување ќе биде бројот на хоспитализации и степенот на оптеретеност на здраствениот систем.

Седумдневната стапка на заразување беше клучен индикатор на владата за тоа кои ограничувања би требало да ги воведе или укине.

Но, со оглед на тоа дека расте бројот на Германци кои се во целост вакцинирани, се повеќе се апелира дека стапката на заразување треба да се отфрли како критериум за донесување одлуки за јакнење или ублажување на мерките.

Во Германија денес се потврдени 3.668 новозаразени со Ковид, вели извештајот на Институтот Роберт Кох.

Околу 59% од популацијата е целосно вакцинирана, а околу 64% од Германците примиле најмалку една доза вакцина.

 

Извор: Nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1