ММС

Објавено на: 08/23/21 12:42 PM

Илјада антиген тестови за Ковид пронајдени во автобус на Табановце

При контрола на автобус пријавен за влез на граничниот премин Табановце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи пронашле и привремено задржале 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19.

“На ден 22.08.2021 година во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени 3 пакети од патникот Б.С од Гостивар, во кои се наоѓале 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000,00 денари“, соопштија од Царина.

Стокaта е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинска управа на Република Северна Македонија.

О.К.

фото: Царинска управа

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1