ММС

Објавено на: 08/23/21 11:24 AM

(Видео) Масовната тепачка во Жупа не е меѓу вакцинирани и невакцинирани

Кој со столчиња, кој со маси, пред слаткара во Центар Жупа пред неколку дена се случила масовна тепачка, за која на социјалните мрежи се шири видео со информација дека се случила  „тепачка меѓу вакцинирани и невакцинирани во Дебар“.

ММС за да ја провери информацијата се јави и во СВР Охрод, но и во полициската станица во Дебар. Од СВР Охридни ја потврдија тепачката, но и дека „актерите“ заработиле кривични пријави.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.А.(30), Б.К.(30), З.А.(35), Ш.Л.(26), сите од Дебар. Тие, на 18.08.2021 година околу 22 часот, пред слаткара во Центар Жупа, го нарушиле јавниот ред и мир и, користејќи тврди предмети,  физички ги нападнале О.Д.(32),  Ш.Д.(33), О.Д. (18) и Е.Д.(19), сите од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа. Истите се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Дебар.

Дека не станува збор за тепачка меѓу вакцинирани и невакцинирани не информираа и од полициската станица Дебар и од СВР Охрид.

-Станува збор за нерасчистени односи меѓу две семејства. Не е точно дека причината за тепачката биле вакцините, рекоа надлежните за ММС.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1