ММС

Објавено на: 08/23/21 11:03 AM

(ВИДЕО) Фрлен солзавец на концертот на Горан Бреговиќ во Албанија, полицијата уапси 21-годишно момче

Настапот на балканската музичка ѕвезда Горан Бреговиќ, заедно со неговиот оркестар на Пиво-фестот во албанскиот град Корча, наместо со музика и забава помина со огромна паника помеѓу присутните.

Во текот на настапот на сцената на фестивалот бил фрлен солзавец, а присутните панично почнале да трчаат и да се упатуваат кон излезот. Полицијата во Корча, како што пренесува „Euronews Albanija“, за овој инцидент привела 21-годишно момче осомничено за нападот.

Откако ситуацијата се смирила, Бреговиќ и останатите музичари продолжиле со концертот и професионално ја забавувале преостанатата публика.

 

За потсетување, кога организаторите на пивскиот фестивал во Албанија ја најавија музичката програма, мала група поединци изразија незадоволство од учеството на Горан Бреговиќ и протестираа во Корча.

 

 

Фото:

aa.com.tr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1