ММС

Објавено на: 08/23/21 8:57 AM

30 години Opel Astra – најпродавано компактно возило и амбасадор на промени

„Спонзориран текст“

  • Ново име, иста мисија: Аstra ја продолжува Kadett-традицијата на пионерска иновација
  • Пет генерации на успех: Речиси 15 милиони Аstra F -К продадени до денес
  • Омилена кај луѓето: Секоја генерација Аstra е хит кај импортерите и авто-саемите
  • Сериска демократизација: моделите на Аstra се опремени со врвни технологии во компактна класа
  • Целосно нова Astra како plug-in хибридно возило: Со електричен погон, како и со дизел и бензински мотор

Во 1991 година, Opel Astra ја наследи традицијата на пионерски иновации во сегментот на компактни автомобили и ги направи достапни за пошироката јавност од Opel Kadett. Заедно со својот претходник, и повеќе од кој било друг модел, Astra стана амбасадор на промените на брендот Opel, пренесувајќи важни пораки од производителот на автомобили до јавноста. Тие вклучуваат експресивен дизајн, разновидност и динамично возење, како и возбуда, пристапност и германска прецизност.

Во склад со времето: Името Astra дебитираше во 1991 година

Кога Opel Astra прв пат ја доживеа својата светска премиера во 1991 година, светот беше во период на транзиција. Новата генерација на компактниот модел на Opel целосно го отелотвори духот на промената. Се здоби со ново име – Аstra, како и нејзиниот британски Vauxhall – и богатство од новоразвиени безбедносни системи, како што се затегнувачи на предните појаси. Интерно познат како Astra F, тој исто така се фокусираше на еколошката компатибилност, со високо ниво на рециклирање. Купувачите се собраа во продажните салони кај импортерите и дилерите. Со тоа што Оpel произведува околу 4,13 милиони единици помеѓу 1991 и 1997 година, Аstra F е најпродаваниот модел на брендот досега.

1997: Холивуд доаѓа во Rüsselsheim со Астра G

Успехот на Astra F беше тешко да се надмине, па кога дојде до следната генерација, Брендот мораше  да создаде нешто поразлично од другите. На пример, тимот за стајлинг ја создаде Astra G со помош на филмот “Jurassic Park”. Што не значи дека моделот е клониран од DNK на диносаурус. Наместо тоа, дизајнерите користеа компјутерска програма за помош при дизајнирање (CAD) наречена АLIAS, која првично беше развиена за компјутерски анимирани филмови, како што беше холивудскиот блокбастер. Софтверот му овозможи на тимот да работи на новиот модел во виртуелна, тродимензионална средина.

Самата Astra H постигна скоро блокбастер статус во 2003 година. За време на премиерата на третата генерација на моделот во Франкфурт IAA, угледниот германски автомобилски магазин „auto motor und sport“ ги праша читателите кој компактен автомобил им се допадна најмногу на саемот. Новиот Opel победи убедливо со 52 проценти од гласовите.

Со четвртата генерација, Opel ја прескокна буквата „I“ за да избегне забуна со бројката „1“. Така, Astra J беше таа што во 2009 година превзема напредни технологии од успешната Opel Insignia со средна големина и за прв пат ги донесе во компактната класа. Благодарение на предните светла AFL+, Astra можеше да се забележи на свиоци, додека предната камера Opel Еye не само што ги препозна сообраќајните знаци, туку можеше да ги предупреди возачите доколку се изложени на ризик да преминат од лентата.

Осветлување на патот: Со Intellilux LED® matrix предни светла до наградата „автомобил на годината“

Продолжувајќи ја долгогодишната традиција, Astra K исто така се истакна со својата технологија за осветлување. „Европски автомобил на годината за 2016“ кој беше првиот што воведе адаптивни Intelli-Lux LED® предни светла кај возилата од компактниот сегмент кои можевте да ги пронајдете кај луксузните и премиум модели од повисоките класи. Покрај тоа, кај новата Astra K уште еднаш е докажана грижата за Вашето здравје со воведување на ергономски предни седишта сертифицирани од AGR (Aktion Gesunder Rücken/Кампања за поздрав грб). Седиштата може дури и да се подобрат со функции за вентилација и масажа, слично на денешната сосема нова Astra.

Шеста генерација од најдобриот возило: Аstra од 1991 до 2021 година


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1