ММС

Објавено на: 08/22/21 12:17 PM

30 исчезнати, 10 жртви помеѓу нив 2 деца до 3 години во поплавите во Америка

Најмалку десет луѓе загинаа, а десетици се водат како исчезнати во разорните поплави во американската сојузна држава Тенеси.

Поројот вчера однесе бројни куќи и автомобили и ги поплави руралните патишта, изјавија властите.

Властите во округот Хамфрис соопштија дека повеќе од 30 лица се водат како исчезнати.

Меѓу пронајдените тела има и две деца помлади од три години.

Поплавите беа предизвикани од обилните дождови во делови од центарот на Тенеси.

Преземено од: https://www.kurir.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1