ММС

Објавено на: 08/22/21 12:01 PM

Австралија во карантин се додека не се вакцинира 70% од населението

Австралија ќе се придржува до стратегијата за заклучување против коронавирусот додека најмалку 70% од населението не биде целосно вакцинирано, но потоа ќе мора да започне да живее со вирусот, рече денеска премиерот Скот Морисон.

Земјата постави рекорд со 914 случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на новозаразени, додека јужните и источните држави Нов Јужен Велс, Викторија и главниот град Канбера останаа под строг карантин.

„Не можете да живеете во карантин засекогаш, мора да го промените тоа во одреден момент, и тоа се прави кога 70 проценти од населението е вакцинирано“, рече Морисон во телевизиско интервју.

Заклучувањето е клучен елемент во стратегијата на федералната влада за спречување на пандемијата на коронавирусот, се додека не се достигне ниво на вакцинација од 70 проценти, а границите постепено ќе се отвораат кога бројот на вакцинирани ќе се искачи на 80 проценти.

„Заклучувањето не е одржлив начин за решавање на проблемот со вирусот и затоа мора да достигнеме 70 и 80 проценти од вакцинираните, за да можеме да започнеме да живееме со вирусот“, додаде премиерот Морисон.

Во Австралија, која има 25 милиони жители, околу 60 проценти од населението сега е во карантин.

Преземено од: https://nova.rs/
Фотографија: EPA-EFE/DIEGO FEDELE


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1