ММС

Објавено на: 08/22/21 11:14 AM

(ВИДЕО) „Бача база“ монструозна игра во Авганистан – Момчињата ги облекуваат во женска облека, шминкаат, а потоа ги силуваат

Бача База, термин што буквално значи „игра со деца“ на дари јазикот, еден од официјалните јазици во Авганистан, е драматичен феномен што влијае на момчињата на возраст од 7 до 18 години, облечени во женска облека и од нив се бара да си играат пред богатите луѓе кои ги купуваат или киднапираат со цел да станат нивни „предмет“ за сексуално вознемирување.

Родени сиромашни, облечени и нашминкани како жени, тие се принудени да танцуваат до крајот на детството за да ги забавуваат богатите возрасни луѓе кои ги дрогираат и силуваат. За жал, момчињата кои страдаат од овој вид на најлош вид физичка и ментална злоупотреба се нешто што постои во оваа земја од античките времиња и што често се премолчува, додека жителите на таа земја „го игнорираат“.

Толерираната педофилијата, која иако официјално е нелегална во Авганистан, првпат официјално беше прикажана на светот во 2010 година со документарниот филм „Момчето што танцува во Авганистан“ на Наџибула Кураиши, авганистански режисер и новинар.

Тој ја прикажа грозоморната реалност на деца кои не можат да се бунат или да бидат ослободени, бидејќи доколку ги пријават силувачите, тие самите ќе бидат осудени на смрт затоа што се занимаваат со проституција и затоа што се хомосексуалци, додека богатите лесно ќе излезат од целата ситуација. За жал, голем број авганистански полицајци и војска исто така се вклучени во оваа ужасна реалност, и за нив поседувањето на „харемот“ на Бача База е знак на моќ, богатство и влијание.

Преземено од: https://www.republika.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1