ММС

Објавено на: 08/22/21 10:23 AM

(ВИДЕО) Ураганот Хенри го прекина концертот на големите музички ѕвезди во Централ Парк – Њујорк

Концертот на музичките sвезди во њујоршкиот Централ Парк, организиран како прослава на закрепнувањето на градот од корона вирусот, беше скратен поради лошите временски услови поради приближувањето на ураганот Хенри.

Официјалните лица побараа од публиката да го напушти паркот за време на настапот на Берија Менилу поради можноста од удар на гром.

Њујоршката полиција им рече на посетителите „мирно да заминат до најблискиот излез и потоа да го напуштат паркот“, наведувајќи дека ова не е итна ситуација.

На концертот настапија Брус Спрингстин, Пол Симон, Џенифер Хадсон, Карлос Сантана, Андреа Бочели и други музичари.

За влез на концертот беше потребен сертификат за вакцинација, а најголемиот број билети беа дистрибуирани бесплатно.

Њујорк регистрираше просечно околу 2.000 нови инфекции дневно оваа недела. Околу 54 проценти од жителите на Њујорк се целосно вакцинирани против корона вирусот.

Ураганот Хенри утрово се приближи до њујоршкиот остров Лонг Ајленд и бреговите на јужниот дел на Нова Англија, кои треба да бидат погодени од бура во текот денот.

Преземно од: https://beta.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1