ММС

Објавено на: 08/22/21 9:47 AM

Млад Италијанец истетовира QR код од зелен ковид картон – На било кој влез во кафуле треба само да крене рака

Во Италија, зелениот картон е задолжителен за влез во ресторани, кафулиња, музеи, театри, базени, бањи, кина, па дури и концерти на отворено, па 22-годишниот Андре Колонета одлучи секогаш да го има при рака, и кодот го истетовирал на рака.

Младиот Андре Колонета живее во Реџо ди Калабрија, и како што вели, идејата да го „нацрта“ неговиот зелен картон засекогаш на неговата рака дошла во разговор со неговиот татко уметник Габриел Пелероне, кој го довел делото до совршенство и читачот на QR кодови непогрешливо го препознава.

@gabrielepelleronereal

GREEN pass tattoo #tatuaggi #tattoo #tatuatori #greenpass #tatuaggio

♬ LIMITS THE SKY – Mpax

Некои велат дека ова е прилично бизарен, но и многу удобен начин да се избегнат ситуации кога немате доказ дека сте вакцинирани. Родителите на Андре исто така биле изненадени, иако ова не била негова прва тетоважа.


– Татко ми дозна за мојата намера на социјалните мрежи. Се разбира, тој ме советуваше да не бидам толку импулсивен и да размислувам малку подобро за своите постапки, вели Андре Колонета за „Кориере дела Калабрија“, пренесува РТС.

Тој признава дека станал многу популарен на Инстаграм и Тик Ток поради тетоважата, но дека не очекувал дека неговата тетоважа ќе се рашират толку брзо на социјалните мрежи.

-На многу мои пријатели им се допадна тетоважата, иако имаше и такви што ме навредуваа, додава Андре.

На кратко, Андре треба само да крене рака и да влезе во клуб.

Преземено од: https://www.kurir.rs/
Фотографија:  Printscreen/TikTok


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1