ММС

Објавено на: 08/22/21 9:22 AM

Авганистанка почнала да се пораѓа за време на летот за евакуација – Се породила во базата Рамштајн

Авганистанка роди девојче веднаш откако американски воен авион слета во базата Рамштајн во Германија.

Американската војска објави на Твитер дека раѓањето започнало за време на летот на авион Ц-17, кој ги евакуира Авганистанците од земјата.

Компликациите започнале додека авионот се наоѓал на надморска височина од 8.534 метри откако паднал воздушниот притисок во авионот.

„Командантот на авионот одлучи да ја намали височината за да го зголеми воздушниот притисок во авионот, што помогна да се стабилизира и спаси животот на мајката“, стои во твитот на официјалната наредба на Командата на американската воздушна мобилност.

Кога авионот го допрел теренот на базата Рамштајн во Германија, медицинскиот персонал и помогнал на жената да се породи.

Мајката и бебето потоа биле пренесени во блиската медицинска установа и двајцата се добро.

Германската база Рамштајн стана седиште за трансфер на американски авиони Ц-17 со цел да се ослободи базата во Катар, каде имаше голема гужва бидејќи повеќето авиони со евакуирани слетаа во Катар.

Преземено од: https://www.rts.rs/
Фотографија: Твитер – Air Mobility Command


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1