ММС

Објавено на: 08/22/21 9:00 AM

30 минути се чека за излез од државата на ГП Табановц, а 15 минути за влез на ГП Ќафасан

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од државата околу 30 минути, додека на ГП Ќафасан за влез во државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини, нема подолго задржување за влез и излез од државата.

Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е нормализиран за секаков сообраќај, информираат од АМСМ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1