ММС

Објавено на: 08/21/21 3:36 PM

Сообраќајка кај Драчево – Повредени две малолетнички

Сообраќајна несреќа се случила во близина на наслбата Драчево, повредени две малолетнички сопатнички, информираат од Министерство за внатрешни работи.

-Вчера во 20.15 часот на локалниот пат од с.Јурумлери кон нас. Драчево, скопско, се случила е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Џ.(61) од Скопје и запрежно возило. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле две малолетни сопатнички од запрежното возило, констатирани во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, стои во соопштението од полицијата.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1