ММС

Објавено на: 08/21/21 12:25 PM

Полицијата санкционираше 102 пијани возачи

Синоќа (20/21.08.2021) во периодот од 22 од 04 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата, соопштија денеска од МВР. При тоа, полицијата санкционирала102 возачи. Од нив најмногу на подрачјата на СВР Скопје – 25, СВР Битола – 19 и СВР Куманово – 14.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – додаваат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1