ММС

Објавено на: 08/21/21 12:02 PM

Вчера се вакцинирале над 17 илјади граѓани на пунктовите ширум државава

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 652.340 граѓани – соопшти денеска Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 13.398 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.152.274 дози вакцини, а ревакцинирани се 499.934 граѓани – информираат од МЗ во денешното соопштение.

Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 67% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 63% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 54% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, сметаат здравствените власти.

Фото: Архива / ММС


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1