ММС

Објавено на: 08/21/21 10:18 AM

Куба ја одобри за итна употреба нејзината вакцина Соберана 2 против коронавирусот

Регулаторното тело за лекови на Куба ја одобри домашната вакцина Соберана 2 за итна употреба, со што е овозможено целосно вклучување на лекот во програмата за имунизација во земјата која се бори да ја сузбие епидемијата со коронавирусот. Вакцината Соберана за која на Куба тврдат дека е 91,2 проценти ефикасна, веќе е користена за вакцинација на одреден број здравствени работници, и на обични граѓани од подрачјата со висока стапка на заразеност – пренесува Ројтерс.

Одбрувањето на Регулаторното тело за лекови, медицински средства и опрема значи дека лекот кој се состои од две почетни и трета „бустер“ доза, може да се користи во рамки на националната програма за вакцинација, а би можело да помогне и оваа вакцина да се лиценира во странство.

Здравствениот систем на Куба беше на удар од новиот бран на ширење на вирусот, паралелно со недостиг на лекови, кислород, лекари и опрема, а од околу 11 милиони жители, целосно вакцинирана е една четвртина.

 

Фото: Илустрација / Unsplash

Извор: telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1