ММС

Објавено на: 08/21/21 7:55 AM

Две жени тешко повредени во сообраќајка на патот кон велешко езеро

Две женски лица се тешка сообраќајна незгода која се случила вчера на патот Башино Село – Отовица, кога автомобил се превртел движејќи се кон езеро Младост, објави новинската агенција МИА повикувајќи се на изјава од д-р Василка Пановска ПопСтефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом.

-Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен , а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет, информира д-р.Пановска ПопСтефанова .

Од страна на два тима од ИМБ пациентите се згрижени на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хирушкиот одел при велешката болница, за понатамошно лекување.

На лице место увид на несреќата, направила екипа на СВР Велес.

 

Фото:  Архива


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1