ММС

Објавено на: 08/21/21 7:30 AM

Граѓаните ќе му ги предочат своите забелешки, предлози и идеи на Османи: Отворен ден во МНТ

Министерството за надворешни работи  денеска од 11 до 17 часот, организира Отворен ден. Граѓаните ќе можат да дојдат во просториите на министерството и да ги претстават своите забелешки, предлози и идеи пред ресорниот министер Бујар Османи и другите вработени.
-Дипломатијата ги отвора вратите. Министерството за надворешни работи ги отвора вратите за средба со граѓаните резиденти во земјава и претставници на дијаспората, со цел да ги слушне нивните забелешки, предлози и идеи, за подобрување пред сѐ на конзуларните услуги, но и за сите други области кои се од директен интерес за граѓаните, а поврзани се со работата на оваа институција – најави во објава на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Со ова, како што се наведува, сакаат да ја претстават работата на Министерството, како во однос на поблиско запознавање, така и во однос на транспарентност, проекти и политика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1