ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/21/21 7:19 AM

Врнежлива сабота со засилен ветер, од вторник температурите ќе растат

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено до пладневните часови. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Од недела до вторник стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1