ММС

Објавено на: 08/20/21 9:48 PM

Водопадот Лобе во Камерун, со својот уникатен изглед ги пречекува своите посетители

Водопадот Лобе, кој се наоѓа во крајбрежниот и пристаништен град Криби на запад од Камерун, со својот уникатен изглед ги пречекува своите посетители.

Водопадот Лобе, една од најважните области на Камерун во однос на природните убавини, се формирал со спојување на десетици водопади, од кои највисокиот е 15 метри.

Водопадот излегува од Националниот парк „Кампо-Ма“ ​во јужниот регион на Камерун и се излева во Атлантскиот Океан.

Покрај љубителите на природата, водопадот ги привлекува и љубителите на фотографијата. Со својот изглед кој ги содржи сите бои на природата, на фоторепортерите им дава можност на „природно студио“.

Реката, која нуди различно доживување во секоја сезона, со звукот и природната убавина на посетителите им овозможува да се оддалечат од стресот.

Водопадот Лобе, меѓу другото, со своите ресторани, хотели и плажа на брегот на Криби, на своите посетители во сите четири годишни времиња им ги нуди уникатните убавини на Африка.

Покрај тоа, локалните кануа на брегот на Криби даваат можност посетителите одблизу да го видат водопадот Лобе.

Пигмеите ритуалите за прочистување ги вршат во водата на водопадот

Туристичкиот водич Исмаил Тонго во изјавата за дописникот на АА рече: „Водопадот Лобе е силен симбол на верата на локалното население што живее во околината.“

Наведувајќи дека водопадот е домаќин на различни природни и културни обреди на локалното население, Тонго рече: „Пигмеите, едно од најстарите домородни племиња на Африка, ритуалите за прочистување ги врши во водата на водопадот.“

Водичот Тонго информира дека шефот на заедницата Батанго која се занимава со риболов во регионот, пред да се искачи на престолот бил измиен со водата на водопадот Лобе, и рече дека водопадот е составен дел од животот на локалното население што во регионот живее со векови.

 

 

Извор:

aa.com.tr

Фото:

aa.com.tr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1