ММС

Објавено на: 08/20/21 8:05 PM

Немам видено ниту еден претставник од ВМРО-ДПМНЕ да повика на вакцинација, изјави Филипче

ВМРО-ДПМНЕ го саботира менаџирањето со кризата, преку непотпишувањето на договорот со Светска банка за заем со што доцнеа модуларните блници, сега тие болници се отвораат, го компромитираа начинот на снабдување со вакцините, се обидуваа да добиваат политички поени на сметка на жртвите од ковид, на сметка на трагедиите на семејствата, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче во емисијата„Жешко политичко лето” прашан од опозицијата дали ќе понесе одговорност за состојбата со ковидот.

Ако се опозициска партија,  рече Филипче, не значи дека немаат одговорност. -Немам видено ниту еден нивни претстваник да повика на вакцинација па макар и на нивното членство. Ниту еден момент никој од нив  не излезе со ниту еден конструктивен предлог, сето ова што го гледаме во измнинатиов период се обиди политички да се поентира, нагласи Филипче.

Според него, власта носи сериозни одлуки, кои, како што рече, многу често не се популарни и тогаш не водиме сметка за нашите рејтинзи или за нашата популарност, туку ги носиме тие одлуки државнички затоа што знаеме дека се во интерес на граѓааните.

-Во конкретниот случај во интерес на заштита на јавното здравје, а што прави ВМРО-ДПМНЕ, се обидува политички да поентира, како врз основа на пожарите така и врз основа на пандемијата и не даваат накаков конструктивен предлог. Секогаш кога ќе излеземе со некои мерки кои се издржани и се врз основа на сознанијата на медицинската наука имаат некаква забелашка, рече Филипче.

Сите препораки, нагласи тој, ги влечеме од сите публикации и ставови во стручни списанија врз основа на сознанија и стручните публикации кои ги собираат членовите на Комитетот за имунизација и од тука тие ги даваат своите совети  и ги даваат своите препораки.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1