ММС

Објавено на: 08/20/21 7:06 PM

Пријавени се 24 починати лица, регистрирани нови 1.074 случаи со Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 7.571 тестирањe, а регистрирани се 1.074 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 357, Гостивар  и Тетово – по 155, Куманово – 74, Кичево – 51, Струмица – 40, Дебар – 20, Струга  – 27, Велес – 22, Прилеп – 21, Битола и Штип – по 17, Кавадарци – 16, Гевгелија – 15, Свети Николе – 13, Ресен – 11, Охрид и Кочани – по 9, Радовиш, Валандово и Кратово – по 8, Богданци – 6, Берово и Македонски Брод – по 5, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пехчево – по 1, информираат од Министерството за здравство.

Регистрирани сe 291 оздравен пациент од: Скопје – 81, Гостивар – 80, Тетово – 38, Кичево – 32, Куманово и Дебар – по 12, Радовиш – 7, Битола и Струмица – по 6, Кавадарци и Валандово – по 3, Прилеп, Штип, Свети Николе и Македонски Брод – по 2, Велес, Крива Паланка и Виница  – по 1.

Според податоците на Министерството за здравство, пријавени се 24 починати лица: по 6 починати лица од Скопје (69г,70г,73г,76г,77г и 79г),  5 починати лица од Куманово(59г,60г,67г,69г и 78г), 4 починати лица од Тетово (47г,62г 67г и 68г), 3 починати лица од Кичево (64г,67г и 77г),  2 починати лица од Гостивар (63г и 74г), по едно починато лице од Валандово (43г), Охрид (61г), Струмица (73г), и Битола (74г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.093.646 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 166.741, бројката на оздравени пациенти е 151.692, на починати е 5.632, а бројот на активни случаи изнесува 9.417.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1