ММС

Објавено на: 08/23/21 3:10 PM

Мигранти без знаење на возачот влегле во камион поминале неколку држави, ги откриле во Штип

Во товарно возило на штипска транспортна фирма, пронајдени тројца мигранти. Неофицијално мигрантите биле откриени, кога возачот на камионот ја донел стоката што ја превезувал на царина. Најверојатно тие влегле во камионот без возачот да ги забележи. Според изјавите на мигрантите, тие биле околу осуммина, но дел од нив успеале да се симнат пред да бидат откриени, но за кратко. Подоцна ги открила штипската полиција.

Била повикана Полиција. Од СВР Штип го потврдија настанот.

„Денеска (23.08.2021) околу 09.40 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип, при извршување службени задачи, забележале четири лица – мигранти од Бангладеш. По преземени мерки било утврдено дека лицата во Штип дошле со товарно возило на приватна фирма од Штип, кој се вратил од Република Турција преку Република Грција. Исто така, било утврдено дека мигрантите без знаење на возачот влегле во камионот,“ се вели во информацијата од СВР Штип.

По консултации со Јавен обвинител, мигрантите биле спроведени во транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1