ММС

Објавено на: 08/20/21 12:40 PM

АстраЗенека развива нов лек како замена за вакцина против ковид-19

Компанијата АстраЗенека изјави дека нејзината терапија со антитела ги исполнила очекувањата од новите студии во борбата против коронавирусот. Оваа компанија со нов метод понуди замена за вакциите против коронавирусот за луѓето со ослабен имунитет.

Новиот метод подразбира комбиннација на два вида антитела, формирање таканаречен „коктел“, кој според последната студија, го зајакнува веќе ослабениот систем на луѓето. Замената за вакцините првично беше развиена од страна на медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт, каде успешноста беше согледана во фактот дека ризикот од појава на симптоматскиот ковид-19, е намален дури за 77 отсто.

Примената на „коктелот“ се’ уште се наоѓа во фаза на испитувања, за да се добијат сигурни резултати пред да се примени на пациенти.

 

Фото:  Илустрација / Pixabay

Извор:   b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1