ММС

Објавено на: 08/20/21 9:49 AM

Учениците ќе бидат пресреќни од дигиталните учебници, вели Царовска

Создавањето на дигитални алатки, на дигитални учебници значи светлосни години скок во образовниот процес. Тоа значи дека нашите ученици денеска учат многу повеќе од мултимедија материјал и тоа го прават новите генерации. Затоа создаваме материјали за учење кои се прилагодени на потребите на сегашните ученици, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за ТВ Клан.

„Ние сакале, или не, светот и генерациите коишто доаѓаат се движат напред, а тоа го кажуваат и самите ученици кои велат дека повеќе сакаат да имаат материјали кои се дигитални, бидејќи на тој начин ќе бидат повеќе мотивирани да учат. Оттука одлуката за дигитализација на содржини за учење е исправна и ќе ги добиеме првите содржини за 4-то одделение кои ќе ги имаме во пдф верзија испечатени, кои ќе ги имаме во дигитална верзија и ќе можеме да видиме учениците што повеќе користат. Сигурна сум дека учениците ќе бидат пресреќни“, рече Царовска.

Дополнително сите овие учебници имаат аудио верзија и за учениците со атипичен развој, со оштетен вид ќе може да ги слушаат. Се воведуваат и учебници со Брајово писмо наменети за ученици кои имаат потреба од нив. Се движиме кон инклузивно образование и образование прилагодено на потребите на учениците“, рече Царовска.

Министерката посочи дека напредокот во образованието во изминатите 4 години е евидентен, бидејќи освен на реформи во основното образование се работи и на јакнење на средното стручно образование. Истовремено се работи и на подобрување на училишната инфраструктура, но и на опремување на училиштата со потребната дидактика и условите за настава.

„Создаваме и инклузивно образование. За првпат од буџетот на МОН обезбедивме средства за вработување на 500 образовни асистенти кои од септември ќе бидат директна поддршка на учениците со атипичен развој во редовната настава“, рече Царовска.

Истовремено се работи и на јакнење на ученичкиот и студентскиот стандард со воведување на нови и речиси двојно зголемување на стипендиите.

 

Извор: МОН


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1