ММС

Објавено на: 08/20/21 9:35 AM

Бујар Османи утре ќе ги отвори вратите на МНР за обичните граѓани

Министерството за надворешни работи утре, од 11 до 17 часот, организира Отворен ден. Граѓаните ќе можат да дојдат во просториите на министерството и да ги претстават своите забелешки, предлози и идеи пред ресорниот министер Бујар Османи и останатите вработени.

-Дипломатијата ги отвора вратите. Министерството за надворешни работи ги отвора вратите за средба со граѓаните резиденти во земјава и претставници на дијаспората, со цел да ги слушне нивните забелешки, предлози и идеи, за подобрување пред сѐ на конзуларните услуги, но и за сите други области кои се од директен интерес за граѓаните, а поврзани се со работата на оваа институција, напиша на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Со ова, како што се наведува, сакаат да ја претстават работата на Министерството, како во однос на поблиско запознавање, така и во однос на транспарентност, проекти и политика.

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1