ММС

Објавено на: 08/20/21 9:15 AM

Поголеми права за жените и борба против дрогата – Талибанците ветуваат промени иако никој не им верува

Талибанците од своето второ доаѓање на власт се обидуваат да ги убедат преплашените Авганистанци и скептичнагта меѓународна заедница дека овојпат ќе бидат позитивно различни, но репутацијата им е таква што речиси никој не им верува.

Ова се нивните пет ветувања со кои сакаат да покажат дека се промениле:

1.Жените ќе имаат права, но….

Талибанците се посветени на правата на жените кои ќе имаат можност да работат и да се едуцираат, истакна портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид. Но, додаде дека тоа ќе се утврди со исламскиот закон, а тој е подложен на толкување од талибанското ултраконзервативно водство.

Кога беа на власт од 1996 до 2001 година Талибанците не им дозволуваа на девојчињата да одат на училиште, а на жените да учествуваат во јавниот живот. Од дома можеа да излезат само покриени со бурка и во друштво на машки роднина. Оние што ги кршеа правилата добиваа жестоки казни, вклучувајќи и каменување до смрт поради неверство.

2. Помилување за сите

Талибанците објавија дека ќе им простат на сите што се бореле против нив од владини функционери, полицајци и војници. Но, многумина се скептични затоа што и порано убивале политички, верски и цивилни противници.

3. Сигурност за странците

По освојувањето на власта брзо и ветија на меѓународната заедница дека нивните амбасади и претставништва ќе бидат безбедни. Во 1996 година тие упаднаа во просториите на ООН каде што бившиот претседател Наџибулах имаше гарантиран статус на бегалец, го извлекоа надвор, го убија и телото му го обесија на столб.

Две години подоцна во Мазар-и-Шариф влегоа во иранскиот конзултат и убија девет дипломати и новинари.

  1. Авганистан нема да биде база за напад на другите

Главна точка на американската спогодба за повлекување потпишана лани со Талибанците вели дека тие нема да дозволат милитантните групи да делуваат од Авганистан. Повод на американската инвазија на Авганистан беше одбивањето на тогашните талибански власти да им го предадат Осама бин Ладен, водачот на Ал Каеда и организатор на нападите од 11 септември 2001 година.

Талибанците нагласија дека ќе го почитуваат потпишаното и дека нема да бидат закана за ниту една друга земја.

  1. Нема повеќе дрога

Талибанците ветија дека ќе ја запрат индустријата со наркотици во земјата која е една од најголемите средишта на производство и криумчарење хероин.

Тоа е вносен бизнис и големо прашање е дали талибанската влада ќе има ист пристап до финансиските институции и меѓународна помош каква што имаше претходната. Според ООН, Талибанците лани заработиле стотици милиони долари од трговијата со дрога.

извор: 24sata.hr

фото: apnews.com

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1