ММС

Објавено на: 08/20/21 8:03 AM

Криминалец кој се барал со потерница се шетал низ Чаир – Полицијата конечно го уапси

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е приведен скопјанец кој е баран со централна потерница поради изречена мерка притвор.

Во соопштението од МВР се наведува дека 30-годишниот А.И. е преведен вчера пред трговски центар на подрачјето на Чаир и предаден на Основното јавно обвинителство.

Тој се барал врз основа на наредба од Основното јавно обвинителство во врска со чл.396 ст.2 од Законот за оружје, поради изречена мерка притвор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1