ММС

Објавено на: 08/19/21 10:53 PM

(Видео) Навреди и турканици за микрофон на вечерашниот протест против новите ковид мерки

Протестот, кој требаше да биде достоен и против новите ковид мерки, се претвори во хаос, навреди, тепачки и турканици за микрофон.

Народот, кој беше собран, требаше достојно да протестира, но место скандирање против мерките се слушаа погрдни зборови, а кога една жена, претставувајки се себе за уметник, му се добрижи на бината на говорникот, тој и се обрати со зборовите:

-Тргни се ма ајде, не сум дојден тука за тебе, за народот сум дојден.

И додека драмата на бина пред очите на сите се одвиваше, еден постојано дофрлуваше „колку ти платија“.

Од протестот на крајот никој не беше задоволен, па најавија нов за во недела, кој, како што рекоа, ќе бил подостоен.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1