ММС

Објавено на: 08/19/21 8:55 PM

Влошена здравствената состојба на Милан Лане Гутовиќ, актерот е приклучен на респиратор

Еден од најпознатите југословенски и српски актери, Милан Лане Гутовиќ, кој од минатата седмица се наоѓа на интензивна нега на одделението во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград поради последица од постковид синдром, приклучен е на респираторна поддршка, пренесува „danas.rs“.

Во однос на вчерашниот ден здравствената состојба на актерот дополнително се влошила и лекарите морале соодветно и брзо да реагираат борејќи се за неговиот живот.

Гутовиќ не бил животно загрозен во моментот кога бил примен на ВМА, но непредвидливоста на вирусот, како што велат лекарите, може да доведе до негативни промени врз здравјето.

Милан Лане Гутовиќ се вбројува во еден од поталентираните драмски и филмски актери, а најпознат е по филмските остварувања „Тесна кожа“ и „Бела лаѓа“.

 

Фото:

danas.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1