ММС

Објавено на: 08/19/21 6:53 PM

Предавство во Рим: Педро Родригез се пресели во градскиот ривал Лацио

Доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата на Рома инстантно го направи шпанското крило „резерва“, па затоа поранешниот фудбалер на Челзи и Барселона летово реши да ја промени средината.

Педро Родригез од Рома, иако договорот му истекуваше со римјаните во 2023 година, како слободен играч го напушти клубот и се пресели во архи-непријателот Лацио. Платата која ќе ја заработуваше Педро во Рома во следните две години, сега ја презема неговиот нов клуб Лацио,.

Освен што трансферот самиот по себе носи многу контроверзи, претставува и прв директен трансфер помеѓу овие два историски тимови во изминатите 40 години.

Триесет и четиригодишниот Педро Родригез го зеде бројот девет и повторно се соедини со тренерот Маурисио Сари, откако во 2018/2019 година, двоецот со Челзи ја освои Европа лига победувајќи го Арсенал во финалето.

 

 

Фото:

Twitter

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1