ММС

Објавено на: 08/19/21 5:40 PM

Брзите мерки за депонијата Русино се очекува да бидат целосно завршени до крај на август, велат од МЖСПП

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска беше во теренска обиколка на нестандардизираната депонија во Русино, каде во тек е реализацијата на брзите мерки за санација на депонијата.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за животна средина, досега се реализирани сите подготвителни работи, поставена е колската вага за мерење на количини на отпад, во тек е изградба на насипи и воспоставување на системот за управување со протекување на исцедокот.

Воедно, информираат дека е започнато и асфалтирање на патот до депонијата, a паралелно се работи и на подготовката на документација на алтернативен пат до Русино од патот Гостивар – Маврово.

-Согласно динамичкиот план, се очекува брзите мерки да бидат целосно завршени до крајот на август годинава, по што ќе се започне со втората фаза од проектот и управувањето со Русино ќе биде предадено на заедничкото јавно регионално претпријатие Русино/Полог, формирано од сите општини од Полошкиот плански регион, стои во соопштението.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1