ММС

Објавено на: 08/19/21 11:38 AM

Мажена жена не смее да му каже “не“ на сопругот во креветот – Актерката Каприс Буре ја откри тајната на нејзиниот успешен брак

Иако требаше досега да сме еволуирани со ставовите дека “жената е тука само да го задоволи мажот“, како што стојат работите, уште многу вода ќе треба да протече пред овие сфаќања да станат дел од историјатс.

Каприс Буре, американска бизнисменка, актерка и модел, неодамна ја шокираше јавноста со своите изјави и со само неколку реченици успеа да го понижи целиот женски род.

На прашањето која е тајната на нејзиниот успешен брак со Тај Комфорт, таа рече дека тоа што биле “како зајци во спалната соба“ било клучно.

Двојката беше заедно цела деценија пред да ги размени брачните завети во 2019 година. Од врската ги имаат и осумгодишните близнаи Џет и Џекс.

– Тоа се само десет минути од вашиот живот. Не можете да кажете “уморна сум“, “имам главоболка“, “не сакам“. Девојки, мој совет до вас е ако не сте расположени ако денот ви бил долг, тоа се само 10 или 15 минути од вашиот живот – потенцираше таа во интервју за магазинот „ОК“.

Убавицата додаде дека односот е на праг на пропаст ако сексуалниот живот во врската е во надолна линија.

– Мора да го одржувате жив. А, ако можете да се одморите од напорната работа и уживате во сексот, тоа е неверојатно. Тоа е најдобро средство за ублажување на стресот – рече Каприс.

Извор: Wanted.mondo.rs

Фото: www.sawfirst.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1