ММС

Објавено на: 08/19/21 11:27 AM

Наместо дома во изолација тие заминале преку граница – Уште четворица гостиварци ја напуштија земјава

Уште четворица гостварчани наместо во карантин ја напуштиле земјава, информираат од Минситерството за внатрешни работи.

– Вчера  во периодот од 10 до 20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно 4 лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Беловиште и Мало Турчане, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата. Против лицата, од кои две се машки и две женски, на возраст од 24 до 74 години, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик. Во овој период, исто така, било утврдено дека едно малолетно женско лице од тетовско Вешала со решение за изолација ја напуштило земјата. И против малолетничката ќе следува поднесок, стои во соопштението на МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1