ММС

Објавено на: 08/19/21 10:20 AM

Бившиот претседател на Авганистан, Ашраф Гани, побегнал со четири автомобили полни со кеш, дел од парите ги сместил во хеликоптер

 

Претседателот на Авганистан Ашраф Гани побегна од Кабул неколку часа пред Талибанците да ја преземат контролата со 144 милиони евра кеш со себе.

Симнатиот лидер на Владата која беше поддржана од Западот инсистирал да побегне со цел да се спречи “поплава од крвопролевање“, а азил доби од Обединетите Арапски Емирати.

Додека снимките од народот кој бега како знае и умее од земјата која повторно падна во рацете на Талибанците со денови го окупираат светот, се покажа дека бившиот претседател не избегал само со облеката на себе.

– Всушност, имало толку многу пари што нешто од нив останало и на пистата – истакна портпаролот на руската амбасада Никита Ишченко.

Тој откри дека Гани со себе понел четири автомобили полни со пари. Тој наводно одлетал во Таџикистан, но бил пренасочен во Оман откако властите не му дале дозвола за слетување.

– Што се однесува до колапсот на режимот, најсликовито го опишува начинот на кој Гани побегна од Авганистан. Четири автомобили беа полни со пари, а нешто се обидоа да сместат во хеликоптер. Дел од парите остана да лежи на асфалтот – рече Ишченко.

Специјалниот пратеник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов откри дека не било јасно колку пари побегната влада оставила зад себе. Зборувајќи на московската радио станица “Ехо Москва“, тој рече:

– Се надевам дека владата која избега не ги зема сите пари од државниот буџет.

Извор: Mondo.rs

Фото: BBC.co.uk

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1