ММС

Објавено на: 08/19/21 9:55 AM

Талибанците го повикаа мнозинството од пред аеродромот да си оди дома, велат не сакале да повредат никој

Талибанците го повикаа мнозинството кое чека пред аеродромот во Кабул во надеж дека ќе побегнат од земјата, да си отиде дома, потенцирајќи дека нема да повредат никого.

Во меѓувреме САД и останатите западни земји продолжуваат со евакуацијата на своите државјани и некои Авганистанци, а остатокот од земјата чека да види дали неодамнешниот ден на независноста на државата ќе предизвика повеќе анти-талибански протести.

Во Кабул е релативно мирно откако талибанците ја презедоа власта, но во аеродромот оттогаш е хаотично.

Дванаесет лица го изгубија животот на и околу аеродромот од неделата. Некои загинаа од истрели, некои во стампедо, вели портпаролот на талибанците.

Луѓето кои немаат законско право да патуваат, тој ги повика да си одат дома и потенцира оти не сакаат да повредат никој кој се наоѓа на аеродромот.

Инаку околу осум илјади луѓе се евакуирани од земјата од неделата. Американската војска има контрола над аеродромот, но талибанците патролираат надвор од неговиот сигурносен периметар.

Во средата според очевидци, некои луѓе биле спречени да влезат во аеродромот, а талибанците пукале во воздух, ги туркале и тепале.

Додека се настојува да се убрза авионскиот превоз на граѓаните од западот и Авганистанците кои работеле за странските влади, претседателот на САД Џо Бајден рече дека американските сили ќе останат таму се додека не заврши евакуацијата на Американците, дури тоа и да значи дека ќе мора да го поминат рокот за целосно повлекување кој е на 31 август.

Протестите во градот Џалалабуд на истокот на земјата, вчреа беа првото големо искажување колективен пркос откако талибанците ја презедоа контролата над Кабул.

Во нормални околности земјата денеска би славела независност, но призорите во Џалалабуд ја зголемуваат можноста народот да ја искористи патриотската прилика за протести против талибанското владеење.

Два сведоци и поранешен полицаец за „Ројтерс “изјавиле дека талибанците пукале кога демонстрантите сакале да закачат државно знаме на плоштадот, при што загинале две лица, а повеќе од десет биле ранети.

Видео снимка емитирана на британскиот канал вести „Скај Њуз“ покажува стотина Авганистанци собрани на плоштадот во Џалалабуд, црно-црвено- зелени авганистански тробојки на неколку кровови и во рацете на некои демонстранти. „Скај“ извести и дека белото талибанско знаме било тргнато.

– Седам овде пред вас, можете да ме погодите со 30 куршуми, да ме убиете, ќе го жртвувам животот за ова знаме. Тоа е моето знаме, а мојата влада со Божја волја ќе се врати, вели демонстрант замотан со авганистанското знаме.

Центарот на отпорот е долината Паншир, упориште на етничките Таџикистанци североисточно од Кабул.

Амад Масуд, водич на Националниот фронт на отпорот на Авганистан, го повика запад да пружи потпора и оружје за борбата против талибанците. Тој вели дека долго се бореле за слободно општество во кое девојките би можеле да станат докторки, новинарите слободно да известуваат, младите да играат и да слушаат музика, да присуствуваат на фудбалски натпревари и сл.

 

извор:Н1


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1