ММС

Објавено на: 08/19/21 8:45 AM

Поради потегот на Ален, Тифа збесна го фрли микрофонот и истрча од сцената – Скандал на „Бир фестивал“

Вчера еден од најпопуларните рок бендови на поранешна Југославија, „Бјело Дугме“, свиреше на „Бир фестивал“ во Белград, а Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа уште еднаш потврдија дека не се во добри односи.

Ален и Тифа вчера пред публиката ја пееја песната „Ружица си била“. Кога Тифа требал да го испее својот дел од песната, Ален одеднаш почнал да пее, па настана хаос.

Тифа збеснал, па го фрлил мирофонот на сцената и истрчал од бината. Менаџерот тргнал по него и го наговорил да се врати на бината, меѓутоа, Тифа не сакал да слушне за тоа. Се заклулил во собата која била резервирана за него и постојано зборувал „ Што има тој  да ми се меша во песната“!

Концертот продолжи без него, а Горан Бреговиќ не изреагирал на тоа што се случува на сцената.

Пред настапот, новинарите го прашале Ален дали се вистинити шпекулациите дека не е во добри односи со Тифа, а Ален  рекол:

– Ма, тоа не ме интересира, кратко порачал Исламовиќ за медиумите.

 

Извор: Србија.данас.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1