ММС

Објавено на: 08/19/21 7:09 AM

Сонце, облаци и ветер и температури до 35 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени. УВ=8

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 32 степена.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1