ММС

Објавено на: 08/18/21 9:44 PM

„Израелскиот Стеф Кари“ е последното засилување за Жељко Обрадовиќ од НБА

Младиот израелски плејмејкер, за кого често кошаркарската јавност знае да го спореди по стилот на играта со НБА ѕвездата Стеф Кари, е седмото засилување за белградски Партизан во летниот преоден период.

Јам Мадар потпиша тригодишен договор со црно-белите и Бостон Селтикс го замени за екс-ју кошаркарскиот гигант и играње под палка на најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ.

Дваесетгодишниот талентиран кошаркар кој минатата година беше избран како 47. пик на драфтот од страна на Селтикси, наскоро ќе пристигне во Белград и ќе се придружи на своите колеги во подготовките за новата сезона, а на грбот ќе го носи бројот 41.

За Бостон, Мадар настапуваше исклучиво во летната лига, додека пак за Хапоел Тел Авив минатата сезона во просек по меч забележа 17.1 поени, 5.2 асистенции и три скокови.

Од 2019 година, Јам Мадар е репрезентативец на Израел, а со селекцијата на својата земја до 20 години, кошаркарот на Партизан во 2019 година го освои златниот медал на Европското првенство. Трансферот на Мадар е седмо засилување на Партизан во пресрет на сезоната 2021/22 во АБА Лигата, Еврокупот и Српската лига.

 

Фото:

meridianbetsport.me


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1