ММС

Објавено на: 08/18/21 6:44 PM

Делегација на Владата положи цвеќе на гробовите на Апостолски и претседателите Глигоров и Трајковски

Делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, по повод 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, положи венци свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на армијата Киро Глигоров и Борис Трајковски, пренесуваат од владината прес-служба.

-На денешен ден, во 1943 година на Славеј планина е формиран првиот партизански одред баталјонот „Мирче Ацев”, кој подоцна во Народно ослободителната војна (НОВ) прерасна во војска кој ја ослободи територијата на нашата држава, пожртвувано оставајќи печат вграден во темелите и независноста на нашата татковина. Денеска, 78 години подоцна, Армијата на Република Северна Македонија на највисоко професионално ниво, заедно со останатите сојузнички војници на земјите-членки на НАТО, дејствува согласно стандардите на Алијансата, учествува во меѓународни мировни мисии и го дава својот придонес во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност, се вели во соопштението на прес-службата на Владата.

 

 

Фoто:

Прес-служба на Влада на РСМ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1