ММС

Објавено на: 08/18/21 4:05 PM

Починаа 15 пациенти во изминатото деноноќие, нови 1.081 случаи со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 314, Гостивар – 187, Тетово – 160, Куманово – 84, Струмица – 60, Кичево – 47, Охрид – 38, Дебар – 30, Струга – 27, Прилеп – 25, Битола – 20, Штип и Ресен – по 12, Радовиш – 11, Велес и Кочани – по 9, Берово и Виница – по 6, Кратово – 5, Кавадарци и Свети Николе – по 4, Пробиштип – 3, Неготино и Пехчево – по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 91 оздравени пациент од: Скопје – 35, Гостивар – 12, Тетово – 9, Кичево и Дебар – по 8, Куманово и Струмица – по 5, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Кавадарци, Штип, Ресен и Крива Паланка – по 1.

Пријавени се 15 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (37г,43г и 49г), Куманово (46г,55г и 63г), Тетово (60г,65г и 79г) и Гостивар (53г,69г и 77г) и по едно лице од Струмица (52г), Струга (43г) и Кичево (77г). Сите пријавени починати лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.079.818 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1