ММС

Објавено на: 08/18/21 2:42 PM

Мафијата во војна за крофните на грчките плажи – Никој не се откажува од заработка од 150.000 евра

“Локумадес! Локумадес!“ е зборот кој значи крофни и најмногу се слуша на плажите во Грција. Можеби не изгледа како сериозен бизнис, но претставува значаен извор на приходи во летната сезона и затоа неретко доажа до пресметка на мафијашки „кланови на крофните“.

Грчкиот портал Protothema.gr пишува дека пукањето, тепачките и заканите кон уличните продавачи на крофни е се почеста појава на Халкидики и потсетува дека последниот инцидент се случил пред неколку дена кога 44-годишниот Грузиец станал жртва на напад на плажата Нео Мармарас на Халкидики.

На напуштен пат во Никити, четири странци го застанале неговиот автомобил така што му го пресекле патот со црн џип со прикриени таблици. Од џипот излегле четворица луѓе кои почнале крвнички да го тепаат продавачот на крофни и потоа го каменувале неговиот автомобил. Врв на малтретирањето било кога извадиле пиштол и пукале кон него, но за среќа го промашиле. Напаѓачите од него барале да ја најде чаурата за да нема докази од нападот, но откако луѓето почнале да излегуваат од своите куќи поради вревата, напаѓачите побегнале.

При потрагата на возилото, идентификуван бил еден од напаѓачите кој бил организатор и при испитувањето го признал учеството во нападот.

„Војната на крофна клановите„ на плажите има своја историја поради високиот рекет кој го земала мафијата.

Крофните од производителите се откупувале за 50 центи, 50 центи добивал и продавачот, а едно или две евра од продажбата оделе за мафијата. Според грчките медиуми дневно во просек на една плажа се продаваат околу 600 крофни, па дневната заработка на организаторите на продажбата помеѓу 600 и 1200 евра. Ако се пресмета сезонската заработувачка, организаторот може да заработи и до 150.000 евра.

Извор: Mondo.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1