ММС

Објавено на: 08/18/21 1:34 PM

На повидок е петтата руска вакцина против корона

Шефицата на руската служба за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“, Ана Попова најави дека ќе има и петта вакцина против вирусот.

„Петтата вакцина е на повидок. Тоа овозможува да се блокира ширењето на вирусот“, изјави Попова на тркалезната маса „Санитарен штит на Русија – безбедност на граѓаните“.

Кон крајот на јуни, Центарот „Вектор“ поднел документи за регистрација на вакцината „Епивакорона-Н“. Се очекува препаратот да биде одобрен веќе овој месец, Според раководителката на Центарот, Рината Максјутова, документите веќе се доставени во Министерството за здравство.

Во Русија во моментот во промет има четири вакцини против ковид – „Спутник В“, „ЕпиВакКорона“, „Ковивак“ и „Спутник лајт“.

 

Извор:  b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1