ММС

Објавено на: 08/18/21 12:26 PM

Среќко Шоиќ се бори за живот

Познатиот лик Среќко Шоиќ  се бори за живот на ВМА, дознава Информер.рс.

Славниот актер Лане Гутовиќ  во петокот бил итно примен во болницата поради проблемите со дишење и лекарите се одлучиле да го стават на кислородна поддршка.

Направен му бил  ПЦР тест и резултатот покажал дека нема корона.

– Не е добро. Префрлен е на одделение на интизивна нега и неговата состојба е многу тешка. Се слушнав со него во петокот кога е примен во болница и добро звучеше. Малку тешко дишеше, но можевме да разговараме, вака ја почнува својата приказна пријател на Лане и додал дека пред два дена се тргнало наопаку.

– Преку ноќ драстично му се влошила состојбата. Ставен е на кислордона поддршка, бидејќи има проблеми со дишењето. Му направија и скенер и сите потребни анализи. Во понеделникот попладнето се јавив во болница да го слушнам како е, и главната сестра ми рече дека ситуацијата не е добра и дека Лане е преместен на оделението за интензивна нега.

Пред два месеци имал корона, но целосно не се опоравил, вели соговорникот на Информер.рс

– Имаше лесен облик на корона, но убаво не се долекувал. Кашлицата никако не му се смирувала, па мораше да ги откаже сите престави. Беше настинат вее два месеци, не сакаше да оди на лекар… Последните години живее како самотник, па не зборуваше за своите здравствени проблеми.

Новинарите го побарале актерот за да ја дознаат неговата здравствена состојба, но тој им одговорил:

– Немојте да ме барате во болница сум, тестиран сум за корона вирусот. Гледате дека зборувам со вас, значи добро сум, рекол Лане.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1