ММС

Објавено на: 08/18/21 11:18 AM

Деветнаесетгодишна девојка меѓу седумте починати од ковид во последното деноноќие во Тетово

Расте бројот на хоспитализирани и тешки случаи , а последниве неколку дена голем дел од нив завршуваат кобно. Вчера четири, а утринава доктор Гзим Нуредини раковидителот на ковид центарот при Клиничката болнциа Тетово, потврди дека за изминативе 24 часа починале 7 пациенти како последица од КОВИД 19.

Меѓу починатите пациенти има и 19 годишна девојка, а освен неа, починати се лица на  возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години.

Трендот на раст на бројот на хоспитализирани и починати ќе продолжи, со оглед на зголемениот број на амбулатнски прегледи од над 200 на ден, а сето тоа говори дека не сме блиску до пикот на болеста, која ќе трае и во нареднив период што следи

Затоа потребна е голема претпазливост, вели др Нуредини, особено младите кои воопшто не ги почитуваат здравствените протоколи и мерки.

Во полошко има најголем број на активни случаи и е регион со голем број хоспитализирани и починати како последица од КОВИД 19. 

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1