ММС

Објавено на: 08/18/21 10:14 AM

“Кафана“ само за невакцинирани во Скопје

„Продолжуваме со работа со максимум 30 гости и без редарска служба! Закажете си навреме, капацитетот е ограничен!“ Вака познатиот ресторан „Баба Цана“, кој има локали во Куманово и Скопје ги повикува гостите на својата Фејсбук страна.

Новите мерки на Владата  ги изнервираа соствениците на угостителските објекти, кои имаат капацитет од над 30 места, па до вчера ќе требаа да плаќаат редари, за да ги проверуваат гостите, кој има а кој нема сертификат. Оттаму и овој ресторан се досети да ги покани невакцинираните, бидејќи капацитетот им е под 30 места.

Оваа табла ресторанот ја има закачено вчера, но од денес важат сосема нови мерки, а тоа е дека и под 30 гости да се сите ќе мораат да бидат вакцнинирани.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1