ММС

Објавено на: 08/17/21 9:49 PM

Северна Македонија продолжува да се движи по патот на конфронтацијата, ќе реагираме соодветно, најавија од руското МНР

Откако министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потврди дека Северна Македонија протерала уште еден руски дипломат, поради однесување спротивно на принципите на Виенската конвенција и за заштита на својата национална безбедност, од рускoто министерство за надворешни работи, а преку руската амбасада во Скопје, експресно реагираа и најавија дипломатски реципроцитет.

 

-Властите во Северна Македонија прогласија дипломат на Русија за „персона нон грата“. Администрацијата на Северна Македонија продолжува да се движи по патот на конфронтација. Ќе бидеме принуди да одговориме соодветно на овие непријателски чекори, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Русија.

За потсетување, ова е втор случај на протерување на руски дипломат од земјата во последната година.

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1