ММС

Објавено на: 08/17/21 6:20 PM

Починаа 14 лица, регистрирани нови 999 случаи со Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 7.245 тестирањa, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 325, Тетово – 184, Гостивар – 132, Куманово – 79, Кичево – 50, Струмица – 42, Струга – 33, Охрид – 20, Битола, Кочани и Берово – по 15, Прилеп – 14, Кавадарци и Ресен – по 10, Штип и Радовиш – по 8, Велес – 7, Делчево и Валандово – по 6, Кратово и Македонски Брод – по 5, Дебар – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Свети Николе – по 1, информираат од Министерството за здравство.

Регистрирани сe 184 оздравени пациенти од: Скопје – 72, Гостивар – 24, Тетово – 20, Куманово – 19, Кичево – 13,Битола – 7, Струмица – 6, Дебар – 5, Кочани и Кавадарци – по 4, Прилеп и Валандово – по 3, Радовиш – 2, Велелс и Свети Николе – по 1.

Во изминатото деноноќие пријавени се 14 починати лица: по 5 починати лица од Скопје (59г,74г,77г,79г и 84г) и Тетово (61г,64г,75г,76г и 78г), 2 лица од Гостивар (57г и 58г) и по едно лице од Куманово (80г) и Кичево (57г). Еден од пријавените е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.073.017 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 163.452 бројката на оздравени пациенти е 151.144, на починати е 5.574, а бројот на активни случаи изнесува 6.734.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1